Битолската пиварница повторно во погон

Bez autora
Apr 01 2012

Пиварница Битола, која помина низ две стечајни постапки, од вчера повторно работи, реконструирана по германски проект. Во неа по најнова технологија ќе се произведуваат двете пива Битолско и Кенбах. Пивата на пазарот ќе се пласираат во стаклени амбалажи од 0,33 и 0,5 литри и ПЕТ амбалажи од 1,5 литар и ќе се продаваат по промотивни цени. Фабриката ќе произведува и газирани сокови кои на пазарот ќе се пласираат под името Пел во амбалажа од 1,5 литри. Капацитетот на пиварницата моментално изнесува 300.000 хектолитри годишно, што претставува речиси една третина од годишната потрошувачка на пиво во Македонија.

Битолската пиварница повторно во погонПиварница Битола, која помина низ две стечајни постапки, од вчера повторно работи, реконструирана по германски проект.

Во неа по најнова технологија ќе се произведуваат двете пива Битолско и Кенбах.

Пивата на пазарот ќе се пласираат во стаклени амбалажи од 0,33 и 0,5 литри и ПЕТ амбалажи од 1,5 литар и ќе се продаваат по промотивни цени.

Фабриката ќе произведува и газирани сокови кои на пазарот ќе се пласираат под името Пел во амбалажа од 1,5 литри.

Капацитетот на пиварницата моментално изнесува 300.000 хектолитри годишно, што претставува речиси една третина од годишната потрошувачка на пиво во Македонија.

- Нашата основна цел е да пласираме на македонскиот пазар пиво со врвен квалитет и достапна цена. Иако чистата пелистерска вода е наша конкурентна предност, нашите најголеми вложувања се поврзани со квалитетот на останатите суровини и хигиената во секоја етапа од процесот на производство - вели сопственикот Блажо Димитров.

Моментално во пиварницата има 80 вработени, а во блиска иднина планирани се уште околу 20 нови вработувања.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik